Најчести грешки при миење на лицето кои создаваат акни и брчки

Најчести грешки при миење на лицето кои создаваат акни и брчки

пред 3 години

Се чини дека миењето на лицето е најлесниот чекор во вашата дневна рутина, но има детали на кои можеби не обраќате внимание. Иако миењето може да изгледа едноставно, постои голема шанса да направите некоја од вообичаените грешки, кои предизвикуваат голема штета на вашето лице.

Ова се трите најчести грешки кои можат да ја направат кожата на лицето сува и без сјај, а и да направат да изгледате постари.

1. Не ги миете рацете пред да го измиете лицето

Миењето раце пред да го измиете лицето е голема грешка која многу жени ја занемаруваат. Нашите раце допираат стотици валкани површини во текот на денот и на тој начин ги задржуваат бактериите. Ако не ги миете рацете, целата нечистотија и бактерии ќе се пренесат на вашето лице.

Затоа, темелно измијте ги рацете со сапун и вода пред да го допрете лицето.

2. Не ги менувате производите за чистење на лицето

Кремите и производите што ги користите во текот на една сезона, не би требало да ги користите за време на друга. Во лето, најдобро е да користите производи за чистење на лицето што прават пена, но и оние со салицилна киселина, додека во текот на студените денови, треба да користите гелови за чистење кои немаат многу сапун во себе.

3. Интензивно ја триете кожата

Кожата на лицето е тенка и нежна, па грубото и интензивно триење со рацете може да предизвика иритација и црвенило на кожата. Истото правило важи и за сунѓерите и пилинзите, бидејќи лесно можат да ја оштетат кожата и да создадат акни и брчки. Ако сакате да го зачувате здравјето на вашата кожа, нанесете средство за чистењето на лицето и истријте го со лесни кружни движења, а потоа исплакнете се со млака вода.

Share
Scroll to Top