Невеста од Англија само за торта платила 13 илјади фунти, за да се направи биле потребни речиси три месеци

Невеста од Англија само за торта платила 13 илјади фунти, за да се направи биле потребни речиси три месеци

пред 9 месеци

Секој пар се труди денот на својата венчавка да го направи посебен, а некои се подготвени, доколку можат, да потрошат милиони на својата венчавка.

Една од нив е Медлин Бартон која се омажи за долгогодишното момче Патрик во гламурозната сала на хотелот Савој во близина на Лондон.

Само за изнајмување на салата потрошиле околу 50.000 фунти. Сепак, она што најмногу го привлече вниманието на луѓето е тортата.

Тортата во облик на огромен замок ја дизајнираше уметницата Сем Вудраф, а за да ја направи оваа спектакуларна торта и беа потребни околу два месеци.

За да го направи она што се очекува од неа – огромна торта налик на замок, Сем користеше шест кружни колачи од 20 сантиметри кои беа во основата на структурата, а остатокот од дизајнот го направи од полистирен. Сините куполи на тортата беа направени со помош на 3D печатач, а потоа наредени на врвот на структурата. И секој прозорец беше опремен со LED светла за да блеска тортата.

Медлин рече дека останала „без зборови“ кога нејзината торта била откриена на нејзиниот голем ден. Воодушевена од тортата, венчаницата и целата свадба, таа изјави дека нејзината венчавка била совршена.

„Целиот ден ми помина совршено. Беше голема свадба со над 200 гости. А тортата беше апсолутно прекрасна. Плативме 13.000 фунти за неа, но вредеше. Врвот беше нешто неверојатно“, рекла невестата која признала дека заедно со уметницата ја дизајнирала тортата од соништата, со што се занимава од својата 13-та година.

„Плачев кога го видов готовиот производ. Бев навистина емотивна бидејќи целиот процес на градење траеше толку долго. Никогаш порано не ја видов целосно изградена бидејќи тортата беше толку висока и не можев да ја завршам во куќата, па беше неверојатно да се види целосно осветлена со сите детали од денот на свадбата. Медлин е романтичарка и сака се што е ренесансно и носталгично и сака богати бои“, изјави дизајнерката на торти Сем Вудраф.

Share
Scroll to Top