„Недела, а тебе со нас те нема“: Пријателите се простуваат од Џеј

„Недела, а тебе со нас те нема“: Пријателите се простуваат од Џеј

пред 4 години

Откако денес почина Џеј Рамадановски, многу јавни личности и негови пријатели се простија од пејачот и на социјалните мрежи. Солзи, тага и неверување дека пејачот почина на 56 години во сон. Во неговиот дом на Дорќол дојдоа многу пријатели за да му оддадал почит на кралот на народната музика, како што го нарекуваа на естрадата. Дел од нив се простија и со зборовите на песната „Недела“, хит што Џеј го испеа пред 28 години.

„Недела, сите сме тука, само со нас те нема, почивај во мир легендо“, „Нека те чуват ангелите“, „Ќе недостигаш“, се дел од пораките што ги оставија Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Тијана Дапчевиќ, Никола Роквиќ, но и македонските музичари Антониа Гиговска, Тамара Тодевска и други.

Share
Scroll to Top