Неделен хороскоп од 26 септември до 2 октомври: Романтични денови за лавот, Вагата да се ослободи од лошите навики

Неделен хороскоп од 26 септември до 2 октомври: Романтични денови за лавот, Вагата да се ослободи од лошите навики

пред 3 години

ОВЕН

Бидете нежни и суптилни. Во понеделник, конјункцијата на Месечината и Венера во Девица ви помага да комуницирате понежно со другите како стратегија со која ќе победите. Венера влегува во Вага во четврток и ви носи енергија во која спротивностите се привлекуваат. Тоа ќе ви помогне да ги надминете разликите со друга личност. Во недела завршува ретроградниот Меркур и ве враќа назад кон добрите навики.

БИК

Преземете ризик за да развиете доверба со другите. Во понеделник, конјункцијата на Венера и Месечина ви помага да изградите здрави и цврсти односи во кои нема да се плашите да бидете ранливи. Венера влегува во Вага во четврток и ви помага да се потпрете на пријателите на кои секогаш можете да им верувате и да дојдете до успехот со нивна поддршка. Во недела, Меркур го завршува своето ретроградно патување и ви носи храброст и самодоверба.

БЛИЗНАЦИ

Дајте му име на она што го чувствувате. Во понеделник, конјункцијата на Венера и Месечината ви помага да ги идентификувате емоциите кои ќе ви донесат внатрешен мир. Венера влегува во Вага во четврток и ви носи харизма и можност да се поврзете со други личности кои не можат да ви одолеат. Во недела завршува ретроградното патување на вашата планета Меркур, па сега конечно ќе можете да здивнете.

РАК

Искористете ги своите зборови. Во понеделник, конјункцијата на Месечината и Венера во Девица ви помага да ја изградите комуникацијата на убави и длабоки емоции. Венера влегува во Вага во четврток и ви носи зближување со луѓе кои прават да се чувствувате како дома во нивното срце. Во недела, Меркур престанува да се движи ретроградно и ви помага да ги најдете вистинските зборови за да се чувствувате подобро.

ЛАВ

Кои се вашите вредности? Во понеделник, конјункцијата на Венера и Месечината ве носи кон своите вредности кои ви помагаат за живеете среќен живот и да бидете задоволни. Во четврток, планетата на љубовта Венера влегува во Вага и ви помага да бидете поромантични и пољубопитни. Меркур го завршува своето ретроградно патување во недела и ве поврзува со искуства кои ви носат важни финансиски лекции.

ДЕВИЦА

Кои се важите желби? Во понеделник, конјункцијата на Месечината и Венера се случува во вашиот знак и ви помага да се поврзете со луѓе кои ви помагаат да живеете храбро и со страст. Во четврток, Венера влегува во Вага и ви носи нови познанства во кои ќе уживате и ќе го покажете својот интегритет. Меркур престанува да се движи ретроградно во недела, што ви носи нови и покреативни начини на комуникација и решавање на проблемите.

ВАГА

Ослободете се од лошите навики. Во понеделник, конјункцијата на Венера и Месечината ви помага да го смените вашиот пристап кон љубовта и љубовните односи. Венера влегува во вашиот знак во четврток и ви помага да откриете нови љубовни можности. Меркур го завршува своето ретроградно патување во недела и ви носи комплетирање на некои процеси за да можете да се придвижите напред.

ШКОРПИЈА

Јавете им се на своите пријатели. Во понеделник, Месечината и Венера ги здружуваат своите сили во знакот Девица и ви помагаат да се поврзете со своите најблиски за да најдете поддршка и радост. Во четврток, Венера влегува во Вага, а тоа ви носи поттик да ставите крај на минатото и да уживате во сегашниот момент. Во недела завршува ретроградниот Меркур и создава можност да ги надминете недоразбирањата со своите пријатели.

СТРЕЛЕЦ

Осигурајте взаемна поддршка. Во понеделник со конјункцијата на Венера и Месечината важно е да побарате поддршка, но и да бидете тука за другите. Во четврток, Венера влегува во Вага и ги мати границите меѓу пријателство и љубов. Ретроградниот Меркур завршува во недела и ви помага да ги надминете конфликтите на работното место, но и евентуалните грешки кои можеби сте ги направиле.

ЈАРЕЦ

Применете го она што го имате научено. Во понеделник, конјункцијата на Месечината и Венера ве инспирираат да се нурнете храбро во околностите кои ве држат заглавени во одредени ситуации. Во четврток, Венера влегува во Вага и ви носи контакт кој може да го подобри вашиот професионален живот. Во недела, Меркур веќе не е ретрограден и тоа ви носи можност да примените нови стратегии во различни аспекти од вашето живеење.

ВОДОЛИЈА

Слушнете го своето тело. Во понеделник, конјункцијата на Венера и Месечината бара од вас да се потпрете на интелигенцијата за да дојдете до важни увиди. Венера влегува во Вага во четврток и ви носи партнери кои ќе ве понесат на патување од кое ќе научите многу. Меркур завршува да се движи ретроградно во недела и ви носи поинаков пристап кон интимноста и сексуалноста.

РИБИ

Не сте секогаш во право. Во понеделник, со конјункцијата на Месечината и Венера ќе успеете да примените учење од фидбекот на една личност која е многу поинаква од вас. Венера влегува во Вага во четврток и ви носи партнери и искуства кои ќе ви донесат задоволство. Меркур го завршува своето ретроградно патување во недела и ви помага да дојдете до компромис и вештини за преговарање.

Share
Scroll to Top