Нека прекине ова, не сакаме војна, рекоа познатите руски манекенки откако Путин утрово ја нападна Украина

Нека прекине ова, не сакаме војна, рекоа познатите руски манекенки откако Путин утрово ја нападна Украина

пред 3 години

Откако Путин утрово ја нападна Украина, на социјалните мрежи се јавија и познатите руски манекенки Викториа Одинцова (28) и Eлена Перминова (35). Тие напишаа дека сакаат да се прекине со војната и инвазијата која руските трупи утрово ја извршија над Украина.

Викторија на „Инстаграм“ ја следат повеќе од пет милиони луѓе, а многумина ја сметаат за најубавата Русинка. Во јавноста е позната по врската со поранешниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо. Денес објави црна фотографија и напиша за кризата во Украина.

„Не сакам војна. Се молам ова да престане. Многу е страшно и болно. Не мораме да се бориме“, рече таа.

Иста фотографија објави и Елена Перминова, позната како Лена. Во моментов таа е најпопуларна инфлуенсерка во Русија. Ја следат 1,9 милиони луѓе. Во брак е со рускиот олигарх Александар Лебедев за кој се пишуваше дека тој ја спасил од беда и сиромаштија.

„Ова е многу е застрашувачки. Не сакаме војна“, рече Лена.

 

Share
Scroll to Top