Некогаш најдобриот фудбалер во светот денес игра за второлигаш

Некогаш најдобриот фудбалер во светот денес игра за второлигаш

пред 2 години

Сеск Фабрегас еден од најдобрите таленти кој излезе од школата на Барселона, „Ла Масија“, а кој беше и добитник на наградата за најдобар млад играч, ќе игра за италијанскиот второлигаш Комо.

Иако за него беа заинтересирани и подобро и поголеми клубови, тој го избра овој тим поради еден од најубавите градови во светот, кој се наоѓа покрај езерото кое го носи истото име.

Неговата форма драстично падна во последните четири-пет сезони, особено откако го напушти Челзи во 2019 година. Сега вели дека повеќе ужива во животот, отколку во професионалниот фудбал. Откако си замина од Лондон првите три сезони ги мина во Монако.

Во Франција постојано седеше на клупата и беше замена. Комо пак кој неодамна стигна од третата во втората лига, минатата сезона заврши на 13 место и нема некои познати фудбалери, освен Алберто Чери, некогашниот потенцијал на Јувентус.

За потсетување, Фабрегас своите почетоци ги имаше во Барселона, а уште како тинејџер замина на островот во англиската Премиер лига. Таму играше за Арсенал, сè до 2011 година, кога повторно се врати во Барселона, за потоа биде дел од Челзи и Монако.

За репрезентацијата на Шпанија одигра 110 натпревари и со неа беше Светски и Европски шампион.

 

Share
Scroll to Top