Актерката Максин Клибингаитис, најпозната по улогата во серијата„Соседи“, ненадејно почина на 58-годишна возраст.
Трагичната вест за нејзината смрт ја објави фан клуб на Фејсбук. Фановите напишаа во објавата: „Максин Клибингатис 1964 – 2023 година“.
„Со жалење објавуваме дека денес почина актерката Максин Клибингаитис. Максин го играше многу саканиот лик на Боби Мичел во „Затвореникот“, Тери Инглис во „Соседи“ и многу други улоги на австралиската телевизија. Максин имаше само 58 години. Испраќаме искрено сочувство до нејзиниот син и до семејството и пријателите на Максин. Почивај во мир, Максин“.