Ние глумците секогаш завршуваме тажно и некако заборавено, ти беше посебна во многу нешта: Весна Бејби се прости од Катина Иванова

Ние глумците секогаш завршуваме тажно и некако заборавено, ти беше посебна во многу нешта: Весна Бејби се прости од Катина Иванова

пред 1 година






Голем број колеги и пријатели денес се простија актерката Катина Иванова која почина на 82 години. Меѓу нив беше и актерката Весна Бејби Петрушевска која рече дека Катина ја знае од дете и дека одсекогаш ѝ била голема поддршка.

„Катина ја знам од дете како од втората фотографија и секогаш бевме взаемно искрени ме познаваше од студентските денови и ми беше поддршка. Игравме заедно неколкупати и многу се смеевме. Милував да ја викам Катина, не Кате. Беше духовита, храбра и убава жена. Таа широка насмевка, тој поглед под веѓите кои секогаш имаа некоја порака. Ние глумците секогаш завршуваме тажно и некако заборавено што се оставаме на сцена. Катина беше единствена во многу нешта. Точна и прецизна си замина тивко, но достоинствено ми се скрши срцето Катина. Слава ти и аплаузот нека трае“, рече Весна.

За потсетување, Катина четири децении беше дел од беше дел од Македонскиот народен театар.

И младите и повозрасните колеги се простија од актерката Катина Иванова

 






Share
Scroll to Top