Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот

Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот

пред 2 недели





Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.

Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.

„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.






Share
Scroll to Top