Глумецот Николас Кејџ во едно од интервјуата откри дека како дете верувал дека е вонземјанин и дека се изненадил кога докторот му рекол дека е нормален како и сите други, пренесе „Дејли мејл“.
„Се шокирав кога ми рече дека органите и костурот ми се нормални како и сите други. Бев сигурен дека сум од друга планета“, рече Кејџ и призна дека во тоа време имал проблеми во односите со луѓето и дека бил друштвено незгоден, но и дека тоа му помогнало во кариерата.
„Дејвид Боуви во филмот „Човекот кој падна на Земјата“ ми беше мотивација за да станам добар глумец“, рече Кејџ.
За потсетување, глумецот во септември со сопругата Рико Шибата ја добија ќерката Август Франческа Копола Кејџ која се роди во Лос Анџелес. Името го доби по покојниот татко на Никоалс Аугуст Кополи. Ова е трето негово дете, а за Рики прво.