Министерот за земјоделство Љупчо Николовски и професорката, Наташа Котлар Трајкова, вечерва одлетаа за Истанбул. На ноќниот лет од Скопје во авионот влегоа со патниците во делот за економската класа, каде цените на билетите се околу 100 евра.
Николовски носеше обична црна маичка, додека Котлар избрала бела кошула. За потсетување, Котлар е редовен професор во Институтот за национална историја во Скопје, а беше и еден од кандидатите за градоначалник на општина Центар.









