Николоски: Македонскиот народ отсекогаш градел Божји храмови – нека се множат ваквите благородни дела

Николоски: Македонскиот народ отсекогаш градел Божји храмови – нека се множат ваквите благородни дела

пред 2 часа

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, по повод празникот Преображение Господово присуствуваше на светата литургија во новиот Божји храм во Гостивар.

Со светата литургија чиноначалствуваа владиката г. Јосиф и владиката г. Никола.

Николоски упати честитка по повод празникот, истакнувајќи го значењето на изградбата на нови храмови низ земјата.

„Македонскиот народ гради храмови Божји насекаде по нашата земја. Да се множат вакви убави дела“, порача Николоски.

Тој посочи дека празникот Преображение Господово треба да донесе сила и надеж за подобри денови.

„Нека празникот Преображение ни донесе сила и надеж за подобри денови. Честит празник!“, порача Николоски.

Share
Scroll to Top