Николоски: Со 114 милиони денари ја развиваме Брвеница, со победа на Радичевски во првиот круг продолжуваме со нови проекти

Николоски: Со 114 милиони денари ја развиваме Брвеница, со победа на Радичевски во првиот круг продолжуваме со нови проекти

пред 3 часа

Брвеница беше еден од дијамантите на изборите во 2025 година, во недела очекувам масовна победа на изборите. Затоа граѓаните да дадат масовна поддршка за бројот 1 и да продолжиме заеднички да ја развуваме Брвеница. Како што ветивме, тука ќе изградиме клучка и Брвеница ќе ја поврземе на автопатот на Коридор 8, порача заменик претседателот на владата, Александар Николоски по средбите со граѓани во општината.

-Да продолжиме да развиваме општина Брвеница во насока во која што и почнавме после победата и на минатогодишните локални избори, но и во претходниот период, во претходните четири години. Мислам дека општината доживува навистина еден голем прогрес и еден силен развој којшто треба да продолжи. Ние имавме два дијаманти на круната на локалните избори 2025-та година, тоа беа Брвеница и Кичево и очекуваме да продолжат тие два дијаманти да светат и да имаме една голема победа во недела и да ги повикам сите жители на општина Брвеница, на сите населени места, да излезат и масовно да гласаат за бројот еден и да ја завршиме работата уште во првиот круг, рече Николоски.

Тој потенцира дека во општината се случува силен развој, а со новиот градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ тој развој ќе биде уште поизразит.

Инвестираме доста во општина Брвеница, а се надевам дека со поддршка на новиот градоначалник, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе продолжат да се развиваат проектите. Само низ двата повици имаме 114 милиони денари, а тука влегуваат и средствата од Министерството за транспорт и средствата преку Светска банка.
Сакам да кажам дека готов е проектот за изградба на клучка којашто треба да ја поврзува општина Брвеница со автопатот којшто оди на коридорот 8, автопатот којшто оди од Скопје преку Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид. Нешто што е децениско ветување би рекол, но коешто конечно се реализира и веќе проектирањето заврши, сега одиме во постапка на изведувач кој што треба да ја заврши оваа клучка.
Понатаму преку Министерството за транспорт почнуваме со реализација на реконструкција и изградба на локален пат во селото Стенче којшто треба да оди до црквата во село Стенче во вредност од 8,1 милион денари, а тука е секако и реконструкцијата којашто е завршена на улицата Браќа Јаниќ во Брвеница во вредност од скоро 10 милиони денари, истакна Николоски.

Тој додаде дека преку Владата се реализираат и бројни други проекти.

-Завршена е реконструкцијата на уличната мрежа на улица Алумина во село Милетино во вредност од 5,4 милиони денари, понатаму на улицата Стариот пат исто така во Милетино 7,1 милион денари, понатаму на улицата Горни Челопек во село Челопек 6 милиони денари, понатаму исто така имаме улица којашто оди од Челопек преку Фарма до мост на Вардар 6,6 милиони денари, улицата Вардар во населба Радијовце, 5 милиони денари, улицата Кочо Рацин во Долно Седларце 6,8 милиони денари, а во вториот повик имаме завршена реконструкција на улица Стадион во село Теново 7,8 милиони денари, завршена реконструкција дополнителна на улица Браќа Јаниќ 7,4 милиони денари, завршена реконструкција во село Челопек на дополнителни улици 7,4 милиони денари, реконструкција на улици во Нова населба во Челопек 5,4 милиони денари, завршена реконструкција на општински пат 1 во Челопек 4,1 милион денари, понатаму реконструкција на улица Пив во село Милетино 8,3 милиони денари, улица во Богиште во Челопек 9,1 милион денари, а во подготовка е и реконструкција на Браќа Степановиќ во вредност од 9,1 милион денари. Тука е секако и патот што води до Бергурница којшто исто така ќе го направиме, а ќе реализираме и бројни други проекти коишто ќе ги поддржи и Министерството за транспорт и Владата затоа што Брвеница е наш апсолутен приоритет, приоритет број 1, изјави Николоски и додаде:

„Но за ова да се случи треба и да се гласа за бројот 1 и затоа ги повикувам сите жители на општина Брвеница да излезат масовно во недела и да гласаат за бројот 1″.




Share
Scroll to Top