Николоски: Со браќата Битов ја отвораме приказната за Македонија пред светот

Николоски: Со браќата Битов ја отвораме приказната за Македонија пред светот

пред 2 часа

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на иницијативата „Македонија 2025“ и нивни блиски соработници, во рамки на Самитот „Македонија 2025“.

На средбата присуствуваа долгогодишните пријатели на Македонија Џон Битов и Јордан Битов, како и поранешниот канадски министер и член на парламентот Марко Мендасино.

Од Кабинетот на вицепремиерот информираат дека семејството Битов има значајна улога во македонската дијаспора и во поддршката на повеќе иницијативи поврзани со развојот на државата од нејзината самостојност до денес.

На средбата се разговарало за економските политики, можностите за размена на знаења, примената на дигитални технологии, како и за поддршка во областа на образованието, здравството и зајакнување на институциите.

„Со заедничка работа и партнерство, Македонија може побрзо да напредува и да стане посилна и поконкурентна држава“, било истакнато на средбата.

Share
Scroll to Top