Откриен е нов на коронавирусот, различен од тој во Велика Британија, откако е пронајден кај четири лица кои пристигнале во Токио од Бразил. Ова го соопшти јапонското Министерство за здравство. Од тамау велат дека шетворицата патници кои на 2 јануари слетале на аеродромот Ханеда во Токио од Амазонас, Бразил имале позитивен тест на ковид-19 откако поминале некое време во карантин на аеродромот.
Шефот на Националниот институт за заразни болести Такаџи Вакита рече дека новиот сој е различен од мутираните кои веќе забрзано се шират во Велика Британија и во Јужна Африка. Институтот вели дека засега нема докази дека новата мутација на ковид-19 е позаразна.
Од четворицата патници, еден маж на 40-тина години е хоспитализиран поради тешкотии во дишењето, додека жена во 30-те години се пожалила на болка во грлото и на главоболка. Момче тинејџер имало треска, додека тинејџерката немала никакви симптоми.






