Нова 3-Д изложба на Клод Моне ќе ги внесе посетителите во неговите слики

Нова 3-Д изложба на Клод Моне ќе ги внесе посетителите во неговите слики

пред 2 години

Во јануари во Мајами ќе биде отворена 3-Д изложба на француски импресионист Клод Моне, наречена Beyond Monet. Големи фабрички простори ќе бидат претворени во галерии, дизајнирани да ги затворат посетителите во сликите на Моне.

„Изложбата ќе биде поделена на три дела и навистина ќе се чувствувате како дел од светол и шарен свет на Клод Моне, а не како гледач. Ова ќе биде една од најголемите изложби од овој вид, бидејќи ќе покрие простор од речиси 30.000 кубни метри. Таа ќе им овозможи на посетителите буквално да стапнат во најславните слики на Моне“, вели Џастин Пакин, копродуцентот на изложбата.

Гостите ќе се движат низ подвижните слики додека дигиталните проектори ќе прикажуваат анимирани верзии на повеќе од 400 дела на Моне. Сето ова ќе биде придружено од современа музика и глас кој ги чита мислите и пишувањата на уметникот.

Share
Scroll to Top