Новак Ѓоковиќ и го испеа хитот на Здравко Чолиќ на Јелена за нејзиниот роденден

Новак Ѓоковиќ и го испеа хитот на Здравко Чолиќ на Јелена за нејзиниот роденден

пред 6 месеци

Јелена Ѓоковиќ го прослави својот 38 роденден со семејството и пријателите, а нејзиниот сопруг Новак во еден момент и ја испеа хит песната „Јужњаци“ на Здравко Чолиќ.

Пејачката Милица Тодоровиќ сподели видео на својот Инстаграм на кое се гледа како српскиот тенисер пее на микрофонот и ја гушка и бакнува сопругата.

Новак и на Инстаграм и го честиташе роденденот на Јелена.

„Среќен роденден на најдобрата сопруга, мајка, пријателка, партнер, водач, учител и инспирација што некогаш можев да ја побарам. Мојот партнер за цел живот“, напиша тој.

Share
Scroll to Top