Том Круз ја одбрал неговата колешка од „Невозможна мисија“, Хејли Атвел, за девојка, затоа што таа неодолива потсетува на неговата поранешна сопруга Кејти Холмс, открива извор близок до глумецот. Тој открива дка Том се нашол во љубовен триаголник, заведувајќи ги двете женски ѕвезди во филмот. Покрај Атвел, Том уживал и во друштвото на Ванеса Кирби.
Медиумите пишуваат дека на почетокот, Том не можел да се одлучи меѓу двете холивудски убавици. На крајот се решил за Атвел, затоа што таа многу го потсетува на неговата поранешна сопруга, пишува National Enquirer.
Тој објаснува дека Том сакал некоја која изгледа физички како Кејт. За него, поранешата сопруга била дефиниција за целосно совршенство.
„Тој обожава бринети кои се атлетски градени. Тој сакаше и неговата нова девојка да биде Британка, па Атвел се виде како идеален избор“, објаснил изворот.