Новата прва дама на Њујорк го освои „Тик-ток“ – сите зборуваат за стилот на Рама Дуваџи

Новата прва дама на Њујорк го освои „Тик-ток“ – сите зборуваат за стилот на Рама Дуваџи

пред 4 часа

Рама Дуваџи, сопругата на новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, преку ноќ стана омилена на Генерацијата З. Ја споредуваат со принцезата Дајана, се восхитуваат колку е кул, го копираат нејзиниот моден стил…

Дуваџи е аниматорка и илустраторка чиј стил е сличен на многу млади уметници од Менхетен или Бруклин: таа комбинира каубојски чизми до колена со шорцеви или преголеми бели кошули со големи сребрени обетки и многу ѓердани.

На прославата на победата на нејзиниот сопруг, таа носеше црна маица без ракави од палестинскиот дизајнер Зеид Хиџази.

@vanityfair New York City Mayor-Elect #ZohranMamdani was joined by his wife #RamaDuwaji ♬ original sound – Vanity Fair

Горната маица ја искомбинирала со црно кадифено миди здолниште со чипкани детали од њујоршката дизајнерка Ула Џонсон, чија романтична, рачно изработена облека е во плакарите на богатите боемци од Бруклин – токму оние кои масовно гласаа за Мамдани.

Обетките се дизајнирани од друг независен дизајнер од Њујорк, Еди Борго, познат по своите скулпторски и елегантни парчиња. Нејзиниот изглед имаше подлабоко значење, но не беше премногу различен од она што го носи секој ден. Се чини дека Дуваџи го искористила овој момент за да ги истакне луѓето и заедниците што ги сака и поддржува преку модата.

Изгледот на Рама Дуваџа на прославата на победата беше целосно нејзин стил. Дуваџи несомнено ќе биде под лупа поради нејзиниот изглед, мода и политика, но судејќи според нејзината победничка вечер, таа е подготвена за предизвикот. И тоа го прави со неверојатна леснотија.

Share
Scroll to Top