Од Општина Битола информираат дека од утре, 3 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на коловоз и паркинг на улицата „Браќа Џаферови“.
Градежните работи ќе ги реализира фирмата изведувач ангажирана за проектот, а од локалната самоуправа апелираат до жителите и сите граѓани кои ја користат оваа улица навремено да ги отстранат своите возила.
Целта е да се овозможи непречено одвивање на градежните активности и навремена реализација на проектот за подобрување на сообраќајната инфраструктура во овој дел од градот.
Од Општина Битола бараат разбирање и соработка од граѓаните за време на изведбата на работите.






