Нови детали од средбата на Меган и Хари со кралот: Наводно атмосферата не била толку срдечна како што се очекуваше

Нови детали од средбата на Меган и Хари со кралот: Наводно атмосферата не била толку срдечна како што се очекуваше

пред 15 часа

Откако принцот Хари, Меган Маркл и нивните две деца на почетокот на јули првпат по четири години го посетија кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, британските и американските медиуми продолжуваат да откриваат нови информации за тоа што се случувало зад затворени врати.

Иако станува збор за строго приватна семејна средба, во јавноста се појавија тврдења дека атмосферата не била толку топла и срдечна како што многумина очекувале.

Кралскиот биограф Кристофер Андерсен во разговор за „Page Six“ изјавил дека според неговите сознанија, од перспектива на Меган Маркл средбата со кралот Чарлс III и кралицата Камила „не била особено топла и пријателска“.

Од друга страна, извор од Бакингемската палата ги оспори ваквите тврдења, наведувајќи дека не е јасно врз основа на што Андерсен може да знае што се случувало за време на приватната семејна средба.

Прва семејна средба по четири години

41-годишниот принц Хари и 44-годишната Меган Маркл во Обединетото Кралство пристигнале заедно со своите деца – седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет.

Ова беше нивната прва средба со кралот Чарлс откако тој на почетокот на минатата година објави дека боледува од рак, но и прва семејна средба по четири години.

Бакингемската палата потврди дека средбата се одржала во „Хајгроув Хаус“, приватната резиденција на кралот Чарлс во Глостершир, но уште однапред беше соопштено дека нема да бидат објавени фотографии од семејната средба.

Кралот последен пат ги видел своите внуци Арчи и Лилибет во 2022 година, за време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.

Проблеми за време на посетата

Според „Page Six“, посетата не поминала без тешкотии.

Американскиот медиум тврди дека на принцот Хари и неговото семејство им била одбиена полициска заштита финансирана со јавни средства, како и можноста да престојуваат во кралска резиденција.

Поради тоа, наводно, принцот Хари поголемиот дел од престојот го минал одвоено од Меган и децата.

Слични информации објави и списанието „People“, повикувајќи се на свој извор кој тврди дека патувањето за Меган се претворило во „вистински кошмар“, поради што таа со децата се вратила во Калифорнија порано од првично планираното.

Хари и понатаму бара полициска заштита

Принцот Хари веќе неколку години води правна битка со цел повторно да добие полициска заштита за своето семејство за време на престојот во Велика Британија, но неговите барања досега повеќепати беа одбиени.

Андерсен смета дека Меган денес се чувствува многу побезбедно во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија и не сака да остави впечаток дека размислува за враќање на кралските должности.

Тоа делумно се совпаѓа и со информациите на „Page Six“, според кои Хари на гала-вечерта TIME100 Sports наводно им рекол на присутните дека Меган и нивните деца се „среќни што повторно се дома во Калифорнија“.

Да потсетиме, војводата и војвотката од Сасекс на почетокот на 2020 година се повлекоа од улогата на активни членови на британското кралско семејство и се преселија во Калифорнија.

Оттогаш започнаа повеќе сопствени деловни проекти, меѓу кои соработки со Netflix, продукција на подкасти и развој на сопствен lifestyle бренд.

Ниту портпаролот на принцот Хари и Меган Маркл, ниту Бакингемската палата не сакаа да ги коментираат информациите објавени од „Page Six“.

Share
Scroll to Top