Новинарката на Канал 5, Андријана Лазова реши да го подари својот матурски фустан на девојка матурантка, кој не може да си дозволи да си купи нов.
Андријана вели дека ниту е срамота, ниту пак има потреба од трошок за фустан, особено во вакво ова време кога се е премногу скапо, особено ако фустанот се носи за една вечер. Отука и идејата да го подари фустанот на некоја матутантка.
„Со години мојот фустан си стои во плакар еднаш облечен, црн, долг, едноставен. Целта ми е само да помогнам некому и затоа и идејата за ова. И сето ова е без никаква тенденција, аплауз или слично. Особено што знам колкав трошок е, кога цените се отидени во плафон“, ни открива Андријана во разговор за Репортер.
Таа ни откри дека откако го купила, пред 10 години, го носела една вечер и оттогаш стои во плакар и ниту еднаш не го облекла.
Идејата за сето ова вели Андријана е од девојката која шминка и прави фризури Самра Имери, и која исто така ќе и поклони бесплатна шминка и фризура на некоја матурантка.
Засега, открива новинарката Лазова, сè уште никој не се јавил. Вели: „Се надевам дека некој ќе се јави, можеби некој родител, затоа што младите се срамат од овие работи. А, пак ќе кажам, нема потреба од срам за ова. И уште нешто, ќе си го проверам уште еднаш плакарот и сè што ми се собрано, ќе подарам затоа што ќе им биде од корист на млади девојчиња, вели Лазова.
Таа на крај од разговорот додава: Морам да кажам дека сите работи кои се подаруваат се целосно зачувани, бидејќи во спротивно безобразно би било да подариш нешто незачувано, затоа што ќе го навредиш оној кому му го подаруваш подарокот.
А.Георгиев