Новиот дом на Меси во Флорида вреди 10,75 милиони долари

Новиот дом на Меси во Флорида вреди 10,75 милиони долари

пред 1 година





Лионел Меси летово се пресели во САД, каде кариерата ја продолжи во клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Со семејството се преселија на имот вреден 10,75 милиони долари.


Куќата се наоѓа во Форт Лодердејл и се простира на околу илјада квадратни метри и има излез на вода долг повеќе од 50 метри. Во куќата има десет спални соби и девет бањи, како и базен и два дока.


Стадионот на Интер е оддалечен само осум километри. За потсетување, Меси потпиша две и полгодишен договор со Интер, вреден 50-60 милиони долари годишно.






Share
Scroll to Top