Утрово со решение на Министерствто за култура е сменета од функцијата в.д директор Театар Комедија, Нора Шаќири Марковиќ. На нејзино место е поставена актерката Магдалена Ризова Черних.
Оваа одлука доаѓа само пет дена откако за неа се пишуваше дека вршела мобинг на вработените во театарот и дека дел од нив ја пријавиле.
Од Минстрството за култура потврдија дека е разрешена од директорската функција. Смемната на Нора доаѓа нецели десет месеци откако беше поставена на директорската функција. Таа беше именувана за в.д директор на 2 февруари годинава, откако беше разрешен дотогашниот директор Сашо Ристовски поради финансиски неправилности во работењето.