Норвешки вирусолог тврди дека коронавирусот по грешка е ослободен од лабораторија

Норвешки вирусолог тврди дека коронавирусот по грешка е ослободен од лабораторија

пред 4 години

Норвешиот вирусолог Биргер Соренсен смета дека коронавирусот по грешка е ослободен од лабораторија. Овие негови ставови се спротивни на оние на Светската здравствена организаија, која досега ги демантираше сите обвинувања дека SARS-CoV-2 потекнува од лабораторија.

Од таму велат дека вирусот има природно потекло. Сепак Соренсен, во интервју за шведскиот медиум „Фриа“, тврди дека короната потекнува од лабораторија, од каде е ослободена по грешка.

За него, постојат јасни докази дека SARS-CoV-2 не потекнува од животинскиот свет, туку од лабораториите во структурата на овој вирус и неговата способност брзо да се шири меѓу луѓето.

„Цврсто верувам дека вирусот е ослободен по грешка. Кога американските власти спроведоа надзор во Вухан во 2018 година, го опишаа како ризична лабораторија“, вели Соренсен.

Тој не ги смета за контроверзни своите тврдења, бидејќи вели дека веќе има докажани случаи на други вируси кои протекле од лаборатории.

„Постојат многу лаборатории кои ја упропастија работата и по грешка ослободиле некој вирус. Оригиналниот Sars вирус беше ослободен во Сингапур“, рече Соренсен, повикувајќи се на инцидентот од 2003 година. Официјалната истрага за овој случај утврдила дека е ослободувањето на Sars вирусот се случило поради непримерното држење до лабораториските стандарди, поради кои со вирусот се заразил студент.

„Мислам дека новиот коронавирус протече или кон крајот на август или почетокот на септември, 2019 година. Постојат многу работи што го сугерираат тоа“, потенцира Соренсен.

Норвешкиот вирусолог верува дека стапката на ширење на вирусот кај човечката популација укажува на тоа дека веќе бил прилагоден за ширење меѓу луѓето во лабораторијата, која го истражувала влијанието на вирусот врз човечките клетки.

Соренсен, исто така, посочува дека никој досега успешно не докажал дека вирусот всушност се развил природно.

Share
Scroll to Top