Обожавателка му понуди брак на Кијану Ривс

Обожавателка му понуди брак на Кијану Ривс

пред 2 години

Холивудскиот актер Кијану Ривс добил предлог за брак од обожавателка, по премиерата на неговиот нов филм „Џон Вик 4“ во Тексас.

58-годишниот актер откри дека решил да ги задржи венчалниот прстен и часовникот со неговиот лик како спомен.

„Ќе се омажам за тебе“, му порачала обожавателка на актерот. Актерот кој никогаш досега не бил оженет ѝ одговорил: „Да, внимавај што посакуваш“, а со својот одговор ги насмеал присутните. Кијану Ривс моментално е во врска со уметничката Александра Грант.

Со години не е во врска поради траумата што ја доживеа во 90-тите, кога беше во врска со актерката Џенифер Сајм, која се прослави со улогите во филмовите на Дејвид Линч. Двојката почнала да се забавува во 1999 година, а таа забременила истата година. Таа го изгубила бебето во осмиот месец од бременоста.

Загубата ги раздели и ја прекинаа врската само неколку недели откако ја погребаа ќерката во јануари 2000 година. Две години по губењето на своето бебе, Џенифер Сајм почина во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес.

„Тагата ја менува формата, но никогаш не завршува. Луѓето имаат погрешно верување дека можеш да се справиш со неа и дека во еден миг велиш дека ја нема и сега се чувствуваш подобро. Тие грешат. Кога луѓето што ги сакаш умираат, ти си оставен сам“, рекол Кијану во интервју за Парад во 2006 година.

Инаку, Кијану Ривс е познат како најголемиот добротвор на Холивуд со оглед на тоа што голем дел од својата заработка ја донира во хуманитарни цели. Актерот често се дружи со бездомниците и е љубезен и трпелив кога се среќава со своите многубројни обожаватели.

Share
Scroll to Top