Објавен првиот трејлер за серијата „Господар на прстените: прстени на моќта“

Објавен првиот трејлер за серијата „Господар на прстените: прстени на моќта“

пред 3 години

Амазон го објави првиот трејлер за новата серија „Господар на прстените: прстени на моќта“, базирана на познатиот серијал. Тој трае само 60 секунди и покажува познати места. Во него се  гледаат и помлади верзии на ликови како Галадриел и Елронд, но и нови ликови.

Се очекува во серијата да има ликови кои се предци на хобитите, а приказната е сместена илјадници години пред настаните во филмовите „Господар на прстените“. Таа е снимена во Нов Зеланд, а нејзини автори се Патрик Мекеј и ЏД Пејн. Премиерно треба да биде прикажана на 2 септември годинава на „Амазон“.

Share
Scroll to Top