Каталогот на Филтер Лабел од денеска е збогатен со уште едно саундтрек издание. Станува збор за музиката што Кирил Џајковски ја напиша за новиот филм на Ник Јансен (Nick Janssen), „Уште една игра“ (One More Game).
„Особено сме горди што објавувањето на саундтрекот е своевидна најава за филмот, кој својата премиера ќе ја има во среда, на 11 март. За ова филмско остварување, нашиот најплоден автор на филмска музика применува сосема поинаков пристап во споредба со неговите претходни филмски остварувања. Досегашната пракса да компонира музика за големи оркестри, овој пат е заменета со поинтроспективен, минималистички звук. На музиката за „Уште една игра“, Џајковски речиси комплетно се движи во доменот на електрониката, експериментирајќи со повеќе поджанрови, од авангарден амбиент, преку хаус до драменбејс“.
Атмосферата на тензија и техно параноја што соундтрекот ја создава, совршено се вклопува во приказната за еден тинејџер од мало место, кој има амбиција да стане професионален гејмер, стремеж што се коси со желбите на неговата мајка за традиционално образование.
Саундтрекот за филмот „Уште една игра“, може да се слушне и преземе од следниов линк: https://filterlabel.fanlink.tv/onemor





