Овци го прекинаа снимањето на „Невозможна мисија 8“

Овци го прекинаа снимањето на „Невозможна мисија 8“

пред 2 години

Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ беше прекинато од стадо овци кои го нападнаа местото на снимањето.

dobivaj vesti na viber

Најновиот дел на еден од најпрофитабилните филмски серијали со Том Круз во главната улога, се снима во Лејк Дистрикт во Англија, а на филмската екипа работата им ја прекинало стадо овци кои просто минувале тука. Тоа, воообичаено, може да трае подолго, па снимањето морало да биде прекинато.

Филмаџиите автори на седмиот и осмиот дел со ист поднаслов, неколкупати мораа да ги менуваат плановите изминативе две години. Само за седмиот дел од филмот, продукцијата предвиде околу 290 милиони долари, но буџетот се зголемуваше со секоја корона-изолација. Се повторуваа тешки сцени кои повлекуваат и скапо затворање на делови од градот, вклучително и акциона сцена за време на карневалот во Венеција. Ова ги зголеми конечните трошоци за цели 100 милиони долари, во споредба со последниот дел од 2018 година.

Корона-кризата значеше и одложувања на премиерата, па така, 7. дел ќе биде првпат прикажан на 14 јули 2023 година, а за 8. дел првичниот датум е 28 јули 2024 година

Share
Scroll to Top