Од архитект до модна инфлуенсерка: Стилот на Марис Џолин од Штип е вистинско освежување на социјалните мрежи

Од архитект до модна инфлуенсерка: Стилот на Марис Џолин од Штип е вистинско освежување на социјалните мрежи

пред 4 години

Архитектката, модел и модна инфлуенсерка Марис Џолин од Штип, чие вистинско име е Марија Јовева, е вистинско освежување на социјалните мрежи. Благодарение на својот впечатлив моден стил, таа за кратко време собра над 50.000 следбеници на Инстаграм и стана инспирација за многумина.

Марис моментално престојува во Шведска со својот партнер. А периодов на нејзиниот инстаграм-профил има комбинации на силни бои.

Таа успева да комбинира од портколаво со зелено до розово со сино, апсолутно сите комбинации во сите бои. Најчесто носи макси капути и меки џиновски шалчиња, како и чизми често во силна нијанса.

Јавноста се запозна со Марис уште во 2018 година, кога глумеше во спотот на Тајзи за песната „Омилена“. Но покрај тоа што се појавила во неколку видеоспотови, настапила и како модел за наши познати дизајнерски имиња.

Лани во соработка со модната куќа Линеа официјално ја претстави својата линија – by.maryse.

Share
Scroll to Top