Од забавите во вилата на „Плејбој“ до бездомништво: Тешката судбина на Кортни Реперт

Од забавите во вилата на „Плејбој“ до бездомништво: Тешката судбина на Кортни Реперт

пред 4 часа

Поранешната „Плејбој“ манекенка Кортни Реперт раскажа како тежок животен удар ја довел до бездомништво.

Реперт како модел за познатото списание изградила успешна кариера благодарение на својот изглед, што ѝ овозможило живот исполнет со забави во вилата на „Плејбој“ и дружење со славни личности. Сепак, 39-годишната манекенка сега открива колку нејзиниот живот станал тежок и покрај гламурозната слика.

Реперт откри дека очекувањата што биле поставени пред неа биле исцрпувачки и дека денес во животот гледа подлабока смисла.

„Однадвор изгледаше како да имам сè. Но совршенството е исцрпувачко. И не те штити кога сè околу тебе ќе се распадне“, изјави таа за „Дејли мејл“.

Таа била ѕвезда на „Плејбој“ на почетокот на 2000-тите, во време кога брендот бил исклучително влијателен, а тој статус ѝ ги отворил вратите кон светот на славните. Сепак, Реперт истакнува дека таквиот начин на живот во голема мера се темелел на нејзиниот изглед.

„Те вреднуваат според изгледот, а не според тоа кој си. А кога тоа е темел на твојот идентитет, тој е неверојатно кревок“, рече таа.

Таа кревкост станала очигледна во 2018 година, кога Реперт доживеала тежок удар во приватниот живот. Таа година Калифорнија ја зафатија неколку големи пожари, меѓу кои и пожарот Вулси, а нејзиниот дом бил меѓу оние што биле уништени во пламените.

Поради тоа останала без покрив над главата и била принудена да се сели од хотел во хотел.

„Морав да почнам од почеток, без ништо. Без никаква сигурносна мрежа. Без бренд. Без план. Само со сопствената сила“, го опиша своето искуство.

„Луѓето претпоставуваат дека си обезбеден ако си убав. Не е така“, рече таа. „Убавината бледее, трендовите се менуваат, и ако тоа е сè во што си вложувал, остануваш ранлив.“

Обновувајќи го својот живот, Реперт решила да се оддалечи од манекенството и да се посвети на претприемништво и хуманитарна работа.

Денес размислува за тоа колку животот може да се промени и смета дека е нереално да се очекува младите луѓе да изберат еден животен пат и да се држат до него засекогаш.

„Идејата дека на 18 години ќе избереш еден пат и ќе го следиш целиот живот е нереална“, рече таа. „Особено за жените, кои често имаат паузи во кариерата, семејни обврски или работат во индустрии каде кариерата едноставно не трае долго.“

Реперт нагласи дека сега сака да им помогне на другите жени во својот живот да најдат поголема финансиска и лична независност.

Фото: ЕПА

Share
Scroll to Top