Од каде им се милионите на британското кралско семејство

Од каде им се милионите на британското кралско семејство

пред 4 години

Британското кралско семејство има повеќекратни извори на приход, а кралицата „тежи“ 360 милиони фунти, пренесуваат медиумите. Таа и нејзиниот син, принцот Чарлс, заработуваат најмногу од своите имоти и пари кои ги добиваат од Парламентот.

Само 320 Британци се побогати од кралицата Елизабета II. Милиони фунти прима и остатокот од семејството. Трите главни извори од кралските прихои се, кралската апанажа, војводството Ланкастер и нејзиниот приватен имот и инвестиции.

Кралицата е сопственик и на сите необележани лебеди, делфини и китови во кралството од 12 век, иако економистите и експертите за кралското семејство се шегуваат дека веројатно не профитираат многу од тоа.

Кралската апанажа е годишниот приход од владата кој де факто ги поркива трошоците од патувањата, репрезентациите, осигурувањата, вработените и одржувањето на кралските палати и имоти.

Кралицата добила и по 42.8 милиони фунти (ослободени од данок) преку кралската апанажа за фискалната година 2016/17, а бројката пораснала на 76.1 милиони фунти поради финансирање на реновацијата на Бакингемската палата.

Кралската апанажа се добива и од збирот од имотот и фармата (Краун естејт), која годишно генерира стотина милиони фунти.

Share
Scroll to Top