Музичкиот продуцент Фил Спектор ,одговорен за некои од најголемите музички хитови, почина на 82-годишна возраст, пренесува ТМЗ.
ТМЗ пишува дека тој починал од компликации поврзани со корината, откако бил пренесен од затворската ќелија во болницата. На Спектор му била дијагностицирана корона пред 4 недели и бил сместен во болница, по што се опоравил доволно добро за да биде вратен во затвор, каде што издржува 19-годишна казна за убиството на Лејн Кларксон.
Тој имал потешкотии со дишењето и бил оденесен назад во болницата, каде вчера починал.
Фил Спектор бил осуден во 2009 година на 19 години затвор за убиството на актерката Лана Кларксон во 2003 година. Според пресудата, тој ја убил 40-годишната Кларксон со пиштол во неговиот стан во Лос Анџелес.