Од Обединетите Нации му одговорија на Илон Маск, како со 6,6 милијарди долари може да се нахранат главните во светот

Од Обединетите Нации му одговорија на Илон Маск како со 6,6 милијарди долари може да се нахранат гладните во светот

пред 3 години

Од Обединетите Нации му одговорија на Илон Маск, како со 6,6 милијарди долари може да се нахранат главните во светот. Овој одговор следеше откако Маск побара програма во која ќе му наведе точно како со дел од неговото богатство може да се решат проблемите со светскиот глад.

„Ако Светската програма за храна отворено ми опише како шест милијарди долари може да го решат проблемот со гладот во светот, јас веднаш ќе ги продадам моите акции во ‘Тесла‘. Но, сè мора да биде јавно за да види јавноста како точно се трошат парите“, напиша тогаш Маск на „Твитер“.

Сега директорот на Светскиот фонд за храна на Обединетите нации, Дејвид Бизли, му го претстави планот и објави линк до неговото „извршно резиме“ од 1.000 зборови.

Тој објасни дека ОН би можеле да ја распределат храната и ваучери во вредност од 6,6 милијарди долари за да се нахранат повеќе од 40 милиони луѓе во 43 држави кои се на работ на глад, со што би се спречила катастрофа која се наѕира.

„Три и пол милијарди долари би се потрошиле за купување и директна испорака на храна, а две милијарди би се дале во вид на готовина и ваучери за храна на местата каде што пазарите функционираат. 700 милиони долари би се потрошиле за управување со нови програми за храна, а уште 400 милиони би биле искористени за управување со операции, администрација и за координација на синџири на снабдување“, се вели во програмата на Бизли.

Бизли предупреди и дека кризата со гладот е итна, досега невидена, но и може да се избегне.

„Светот гори. Побаравте јасен план и чисти сметки и еве ви ги. Подготвени сме да разговараме со вас, но и со сите други кои сериозно сакаат да спасат животи“, вели Бизли.

Маск досега не одговорил на планот на Бизли.

Ќе ја продадам „Тесла“ ако докажат дека моите милијарди ќе го решат проблемот со гладот во светот, вели Илон Маск

Share
Scroll to Top