Почина актерот Роберт „Боб“ Лу Поне (76), познат по улогата на доктор Брус Кусаман во серијата „Сопранови“. Американскиот актер номиниран за Тони почина по тригодишна битка со ракот на панкреасот, јавуваат странските медиуми.
Веста за неговата смрт ја потврдија од театарот МКЦ, кој актерот го основал пред 40 години.
„Живееше бестрашно и со голема љубопитност, добар хумор, безгранична страст и многу емоции. Длабоко ќе ни недостасува засекогаш”, напишале неговите колеги од театарот. ЛуПоне ја освои наградата „Тони“ за најдобар актер во мјузикл за „A Chorus Line“.
Обожавателите на „Сопранови“ ќе го паметат неговиот лик како матичен лекар и прв сосед на Тони. Но, глумеше и во серии како „Закон и ред“, „Сексот и градот“, „Сите мои деца“, за кои доби номинација за дневна „Еми“ награда.
Роберт, брат на актерката Пети Лупоне, е роден во 1946 година во Бруклин, а дипломирал на Џулиард во 1968 година со диплома за танц. Неговото деби на Бродвеј беше истата година.
Во 1976 година, актерот ја освои наградата „Тони“ за најдобар актер во мјузиклот „A Chorus Line“ каде го играше ликот на Зак. Легендарната драма на Мајкл Бенет потоа собори рекорди на благајните на Бродвеј.