Од рак почина ѕвездата на „Династија“ Мајкл Недер

Од рак почина ѕвездата на „Династија“ Мајкл Недер

пред 3 години

Глумецот Мајкл Надер, најпознат по улогата на Декс Декстер во серијата „Династија“, почина од рак на 76 години. Веста за неговата смрт ја објави сопругарат Џоди Листер. Актерот почина во својот дом во Северна Калифорнија

„Со тешко срце ја споделувам веста за смртта на мојот сакан Мајкл. Имавме 18 прекрасни години заедно со многуте кучиња што ги негувавме и посвоивме. Неодамна, Мајкл беше толку воодушевен што повторно се поповрза со своите пријатели од актерската екипа на ‘Династија’ за време на виртуелниот настан на Ема Самс и помогна да се соберат средства за истражување на ковид-19. Тој беше прекрасен и фасцинантен човек со многу таленти и вештини. Засекогаш ќе ми недостига“, напиша сопругата на Надер.

Надер се приклучи на екипата на „Династија“ во 1983 година како Декс Декстер. Неговиот лик имаше љубовна врска со Алексис Карингтон (Џоан Колинс). Во серијата остана до 1989 година.

 

Share
Scroll to Top