Од „Џандар збира“ до „Без паника“: Ретро квизови кои и денес се паметат

Од „Џандар збира“ до „Без паника“: Ретро квизови кои и денес се паметат

пред 3 години

Македонските телевизии во минатото можеа да се пофалат со богата содржина, почнувајќи од едукативни и забавни емисии до разни квизови. Па така, иако се поминати 15-20, сепак сè уште со носталгија се сеќаваме на некои од нив.

Ова се најпознатите квизови кои ги гледавме во изминатите децении.

1. Енигма

„Енигма“ е првиот на популарната водителка Лила Филиповска, кој беше пандан на квизот „Квискотека“.

2. Најслаба алка

Водителка беше познатата Живкица Каленикова. Лиценцата за квизот беше продадена во преку 70 земји. Во играта учествуваше тим од 8 натпреварувачи кои не се познаваат. За да освојат што е можно повисока награда, мораа да играат како тим, па така при секој круг го елиминираа најслабиот. На крај само еден од нив ја земаше наградата.

3. ТВ Крстозбор 

ТВ Крстозбор беше емитуван на Македонската телевизија во копродукција со тогашното енигматско списание  „Котелец“.

4. Без паника

Квиз во кој со асоцијации требаше да се погоди одреден поим. Во објаснувањето не беа дозволени гестикулации.

5. Џандар збира

Квизот кој се емитуваше кон средината на 90-тите години од минатиот век го водеше познатиот шоумен Игор Џамбазов. Во 2012 година квизот повторно се врати на ТВ, но тогаш ја водеше водителот Марко Новевски.

6. Ла Кукарача

Водител на квизот беше Ненад Прелиќ – Неџми.

7. Џокер

8. Меморија

Share
Scroll to Top