Во црвени костими, браќата Филип и Раде Нуневски ги најавија своите нови музички проекти и настапати. На пршањето зошто црвени костими, Филип Нуне вели : Икрено сакаме некоја промена, а и долго размислувавме, дека ние како музичари, сепак треба да се истакнеме со тоа што ќе сме поразлични од другите. Но, и да ги поместиме границите на оние стандардни гардероби. Со годините сваќеме дека музиката е многу важна, но дека е важно и како ќе ја презентираш, па и како ќе изгледаш. Поентата со костимите е кога ќе влеземе во сала или кај и да сме и настапуваме да привлечеме внимание и народот да го забележи тоа. Се надеваме дека сме на прав пат во изборот на гардероба и дека народот ќе го прифати овој наш стил освен во музиката и во гардеробата исто така“, ни открива за Репортер, Филип Нуне, кој неодамна стана татко на бебето Никола.
Филип и Раде потекнуват од музичко семејство. Филип од мал свири труба, заради која денес е дел од бендот “Нуне брадрас“. Дома им било секогаш весело, оти по цел ден се свирело на труба, вклучувајќи го и наивниот татко кој е музичар. Нуне брадарс свиреа со оркестарот на Есма, а и последните песни пред да почине ги сними со нив.
„Есма беше жена која секаде ја ценеа во светот, само тука за жал не“, ни откри лани Нуне во интревју.
(А.Г)





