Општина Битола: Пелистер во знакот на адреналинот – одржано 14. издание на „Pelister Downhill Cup“

Општина Битола: Пелистер во знакот на адреналинот – одржано 14. издание на „Pelister Downhill Cup“

пред 4 часа

Битола повторно беше центар на спортот, младоста и натпреварувачкиот дух со одржувањето на 14-тото издание на „Pelister Downhill Cup“.

На годинашниот натпревар учествуваа 63 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Кипар и Албанија, кои на падините на Пелистер ги покажаа своите вештини, брзина и спортски дух.

Адреналинот, врвните спортски перформанси и љубовта кон планинскиот велосипедизам и годинава ги обединија учесниците на една од препознатливите спортски манифестации во Битола.

Од Општина Битола посочуваат дека продолжуваат да ги поддржуваат спортските настани и иницијативи кои придонесуваат за промоција на градот и Пелистер како атрактивна дестинација за спорт и активен туризам.

На дел од најдобрите натпреварувачи признанијата им ги врачи претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски.

„Pelister Downhill Cup“ со својата долгогодишна традиција продолжува да го афирмира планинскиот велосипедизам и да привлекува натпреварувачи од регионот, но и да ја промовира Битола и Пелистер како место за спортски предизвици и авантури.

Share
Scroll to Top