Орце Ѓорѓиевски на службено кафе со Влатко Стефановски и со Сотир Лукровски

Орце Ѓорѓиевски на службено кафе со Влатко Стефановски и со Сотир Лукровски

пред 14 часа

Актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се советува со гитаристот Влатко Стефановски околу програмата за поубаво Скопје. Ѓорѓиевски на „Фејсбук“ објави детали.

„Огромна е честа да испијам пријателско кафе со инспиративен разговор со маестро Влатко Стефановски – музичар од светски калибар и гордост на Македонија, заедно со идниот градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски. Како човек кој со својата уметност ја прослави татковината ширум светот, тој е еден од најеминентните што може да зборува за културата, за духот на градот и за визијата како Скопје да стане вистинска европска метропола. Во нашиот искрен муабет, како вистински скопјанец, Влатко сподели прекрасни идеи и совети кои ќе бидат важен дел од мојата програма за поубаво и покултурно Скопје.  Кога културата и музиката ќе се спојат со визија и работа, тогаш градот станува повеќе од урбана средина – станува дом на духот, уметноста и заедништвото. Заедно, ќе го направиме Скопје културно катче достојно за иднината“, објави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Под објавата многумина граѓани отворено им даваат поддршка на двајцата кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ на изборите наесен.

Share
Scroll to Top