Павле Камилоски по 10 години се врати на бродот на кој почна да пее, овој пат со свое шоу

Павле Камилоски по 10 години се врати на бродот на кој почна да пее, овој пат со свое шоу

пред 2 години

Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски по 10 години повторно настапи на бродот каде што почна неговата музичка приказна. Ама овој пат на премиум крузерот „Квин Мери“ во Саутхемптин, Велика Британија, настапи со свое музичко шоу, не како бармен, туку како изграден музичар. Истиот брод на кој некогаш работел и бил дел од услугата на екипажот.

Тогаш на бродот се организирало пејачко талент шоу за персоналот. Колегите, кои го слушале како пее, го убедиле да се пријави на музичкото шоу, на кое победил и тогаш донел одлука да го школува гласот и да стане музичар, но и некогаш пак да се врати на истото место.

„Така и беше. Имав среќа, победив. Тогаш решив дека по оваа пловидба, веќе никогаш нема да работам на брод и ќе почнам да се занимавам со музика. Тогаш имав 27 години“, ни раскажа Камилоски за „Репортер“.

Вели дека е среќен што по 10 години пак пристигнал на неговата дестинација каде што го оствари сонот.

„Како започнав? Првпат го држев микрофонот на талент шоу на луксузен крузер со префинета атмосфера, комоција во сместувањето и врвна услуга. Јас бев дел од тимот кој ја овозможуваше услугата, а на шоуто настапуваше екипажот. Ќе запеам пред публика првпат, а ако победам, ќе одам дома, ќе го школувам гласот и ќе се вратам на истото ова место, каде што ќе имам свое шоу. Оваа желба ја замислив пред да излезам на сцената. Десет убави години полни со предизвици во кои ништо не би променил, баш ништо различно не би направил. По 10 години со сопствено шоу на премиум крузерот ‘Квин Мери 2’ посакувам да можев сите да ве земам со себе, мојата домашна и најдрага публика“, вели Камилоски.

А.Г

Share
Scroll to Top