Панчо сака да израдува матурантка: сакам да подарам шминка и фризура на самохрана мајка која не може да го обезбеди тоа за својата ќерка

Панчо сака да израдува матурантка: сакам да подарам шминка и фризура на самохрана мајка која не може да го обезбеди тоа за својата ќерка

пред 2 години

Владимир Блажев- Панчо, од дуото ДНК подарува комплетен стајлинг за девојка која прославува матурска,  а која не може да си го дозволи тоа. Панчо објави пост на инстаграм и напиша дека тој комплетно ќе ги подмири трошоците за шминката и фризурата на самохрана мајка која не може да го обезбеди тоа за својата ќерка.

„Полека наближуваат матурските прослави кои се еден од омилените и позначајни денови на тинејџерите. Со оглед на ситуацијата и општеството во кое живееме знаеме дека не секој може да си дозволи шминка и фризура за својата матурантка па оттука решив да подарам и комплетно да ја подмирам потребната сума за шминката и фризурата на некоја самохрана мајка која не може да го обезбеди тоа за својата ќерка“, напиша Панчо.

Панчо напиша дека дискрецијата ќе биде загарантирана и сите кои не можеат да си го дозволат тоа да се пријават без да се срамат.

„Нема потреба да се срамите и слободно пишете во инбокс, а дискрецијата ви е загарантирана, инаку шминката и фризурата за матурската вечер ќе биде направена од според мене најдобриот македонски шминкер и фризер Даниел Николовски кои без двоумење ја прифати мојата идеа и притоа додаде дека девојчето кое ќе отиде кај него ќе направи да блеска на нејзината матурска, а јас воопшто не се ни сомневам во неговите вешти и магични раце. Би ве замолил само да го споделите постот или препратите до оној кому знаете дека навистина му е потребно. Приоритет имаат самохраните мајки. Ви благодарам однапред“, напиша Панчо.

Share
Scroll to Top