Актерот Орландо Блум ужива на одмор со својата партнерка Кејти Пери и нивната ќерка Дејзи.
Семејството моментално се наоѓа во Италија, каде што беа фотографирани од папараците. Извајаното тело на Орландо го привлече вниманието на фотографот.
Орландо и Кејти поголемиот дел од времето го поминуваа на плажа играјќи си со својата ќерка, а кога не пливаа, истражуваа локални ресторани и пробуваа италијански деликатеси.
Кејти два дена ги извршуваше обврските на ревијата на италијанскиот моден бренд Dolce&Gabbana во Каљари, додека Орландо уживаше на плажа со својата ќерка.
Орландо и Кејти се запознаа на афтер забава по доделувањето на наградите Златен глобус во 2016 година. Една година откако објавија дека паузираат, се помирија и се верија на Денот на вљубените во 2019 година.
Во август 2020 година, тие добија ќерка по име Дејзи Дов Блум.