Папата Франциск ги шокраиеш голем дел од своите верници, кога се изјасни за аферата на парискиот надбискуп Мишел Опетија. Тој рече дека направил грев, но, не било ништо страшно.
„Телесните гревови не се најсериозни. Доколку не ги знаеме обвинувањата, не можеме да судиме“, рече Франциск.
Како што пренесува Times of Izrel, Папата мислел на кршењето на 6 заповед, прељуба, велејќи дека тоа не било целосна, туку дека Мишел само ја милувал и масирал неговата секретарка.
Мишел ги отфрли сите обвинувања на негова сметка, откако медиумите пренесоа дека тој имал љубовна врска со една жена.
„Како трачевите растат, расте и одземањето на нечија репутација и тој човек повеќе не може да управува и тоа е неправда. Затоа ја прифатив неговата оставка, не пред олтарот на вистината, туку пред олтарот на лицемерието“, рече Папата.