Патничка ги купила сите кикиритки во авионски лет поради страв од смрт

Патничка ги купила сите кикиритки во авионски лет поради страв од смрт

пред 1 година






На лет од Диселдорф до Лондон, 27. годишна патничка ги купила сите пакувања со кикиритки поради страв од смрт. Купените кикиритки ја чинеле 168 евра, што е повеќе од авионската карта. Вилијамс била на службен пат , а во Диселдорф стигнала од Лондон. Бидејќи е алергична на кикиритки, при доаѓањето во Диселдорф, таа ги убедила членовите на екипажот да не продаваат кикиритки. Но, на враќање ја фатило паника, па за да спречи некој да купи кикиритки, ги купила сите пакетчиња кои биле достапни на летот. Дури и мирисот на кикиритки предизвикува алергиска реакција кај Вилијамс, па затоа таа се плашела за нејзиното здравје. Некои експерти велат дека стравот на Вилијамс малку е претеран бидејќи директен контакт со кожата би довел до локална иритација кај лицето со алергија, а мирисот  не би влијаел.






Share
Scroll to Top