Анимираната серија „Симпсонови“ предвидуваат нов вирус за 2023 година и нови војни. Со почетокот на новата година, еден тик-ток пост успеал да ги собере сите предвидувања за годината направени од „Симпсонови“.
Предвидувањата на „Симпсонови“ претходно се покажаа како реалност, како настапот на Лејди Гага на „Супер боул“, претседателот Доналд Трамп, ковид-19 и многу други.
За 2023 година „Симпсонови“ предвидуваат инфлација и економска криза, војна меѓу САД и Кина, вирус на зомбиња, претседателска трка на Трап за 2024 година, патување на Марс.
Инфлација и економска криза
Во видеото се тврди дека во однос на предвидувањата за 2023 година, серијата навестува eкономска криза. Во серијата еден човек на Хомер му вели: – Анархија, крајот на цивилизацијата наскоро доаѓа во Америка, близу до тебе, додека Хомер одговара: – Америка не може да колабира, ние сме моќни како античкиот Рим.
Војната меѓу САД и Кина
Друго јутјуб-видео за предвидувањата на „Симпсонови“ тврди дека едно од најстрашните предвидувања за 2023 година е нуклеарна војна меѓу САД и Кина.
Вирус на зомбиња
Наводно, „Симпсонови“ предвиделе дека ќе се појави вирус на зомбиња. Епизодата прикажува како бургер се претвора во зомби-апокалипса откако од висококвалитетни крави бил направен сос за месо, а потоа сосот им бил даден на кравите.
Претседателската трка на Трамп во 2024 година
Доналд Трамп минатата година најави дека ќе се кандидира за претседателските избори во 2024 година, а тоа веќе беше предвидено во серијата. Продуцентот на серијата, Ал Џин, на неговиот твитер-профил објави слика од епизода од серијата од 2015 година во која Хомер лета додека знакот за кампањата „Трамп 2024“ стои во заднина. Серијата претходно ја предвиде и кандидатурата на Камала Харис за потпретседателка.
Патување на Марс
27. сезона на „Симпсонови“ се состоеше од епизодата наречена „Марџ-овски хроники“ каде што Марџ и Лиза се обидуваат да бидат првите луѓе што ќе патуваат и живеат на Црвената Планета. Иако не се споменува 2023 година, ова е една од епизодите каде што се зборува за иднината, бидејќи приватната компанија „Експлорејшн инк“ се надева дека ќе испрати луѓе на планетата до 2026 година. Епизодата ги прикажува мајката и ќерката на Марс во 2050 година.