Пендаровски со јавен превоз ја шета Шведска, гратис во возот е шведски десерт

Пендаровски со јавен превоз ја шета Шведска, гратис во возот е шведски десерт

пред 3 години

Претседател Стево Пендаровски денес си заминува од Шведска за Скопје. Додека беше таму, тој со воз одеше од Стохолом до Малме и Гетеборг.  За разлика од кај нас каде политичари се возат со службени автомобили дури и со платен возач  во скандинавската земја политичарите се на исто рамниште со обичниот граѓанин па го користат јавниот превоз.

Па така и македонскиот претседател во манир на Швеѓанец го користеше јавниот превоз во Малме, од каде се возеше до Гетеборг и Стокхолм, а во возот доби и фика, познат шведски десерт.

„Не е ретка глетка да се видат шведски функционери како користат јавен превоз за да се движат низ и меѓу шведските градови. Всушност, тоа е претпочитаниот начин на транспорт низ цела Шведска за луѓе од сите возрасти и сфери на живот. Една од причините: грижа за животната средина, бидејќи возовите придонесуваат помалку за емисиите на јаглерод отколку авионските патувања“, пишува Шведската амбасада во Скопје по повод посетата на Пендаровски, за потоа да додаде:

„Среќни сме што и претседателот на Стево Пендаровски ја користи шведската железница додека е во Шведска. За време на своето патување, придружуван од шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, тој имаше шанса да ужива во шведска фика со земички од цимет и кардамон.

Картите за возот се по различна цена, најефтината е 38 од Гетеборг до Малме, во еден правец, има карти од 44 долари, па до 90 долари.


Share
Scroll to Top