Пеп Гвардиола го трола Реал по синоќешната победа и пласман во финале во ЛШ

Пеп Гвардиола го трола Реал по синоќешната победа и пласман во финале во ЛШ

пред 2 години

Манчестер Сити синоќа го победи Реал Мадрид со вкупен резултат од 4-0 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите каде ќе игра против Интер.

Тоа ќе биде четврто финале за тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, па Шпанецот по натпреварот се сликаше со неговите колеги и пријатели во клубот со кренати четири прсти во воздух.

Во приватна соба на сатадионот на Манчестер Сити „Етихад“, Гвардиола се сликаше со главниот помошник Мануел Естиарте, неговиот брат Пере Гвардиола, поранешниот аргентински претседател Маурицио Макри, како и претседателот на Манчестер Сити, Калдун ал Мубарак.

Сите држат четири прсти во воздух, а Естиарте објави фотографија со натпис: „Четири“.

Share
Scroll to Top