Петар Грашо прележал коронавирус - Reporter.mk

Петар Грашо прележал коронавирус – Reporter.mk

пред 3 години

Хрватскиот пејач Петар Грашо пред околу еден месец се заразил со Ковид-19, но сега е добар. Дека бил болен од корона, Грашо потврди за „Слободна Далмација“, но не кажал како се справил со болеста.

„Тоа беше пред три недели. Имав благи симптоми, така што немам што да кажам“, рекол тој во кратката изјава.

Пејачот последните месеци ги откажа скоро сите настапи, а на својата официјална веб-страница, напиша дека здравјето е приоритет во моментот. Откако почна пандемијата со коронавирусот, популарниот пејачот настапи на празен перистил, по повод празникот Свети Дује.

„Јас сум дете на Сплит. Сплит е мојот дом, без оглед на тоа што минав многу малку време во него последните дваесет години. Како што обично се случува, различни околности диктираат различен животен план, така се случи еден од најчудните и на некој начин најубавите концерти во мојата кариера, а сепак концерт без ниту една личност во публиката“, рече тогаш Грашо.

Share
Scroll to Top