Потребни состојки:
700 милилитри доматен сос
450 грама шпагети
450 грама мелено говедско месо
400 грама рендана моцарела
300 грама урда
30 грама рендан пармезан
5 лажици путер
2 јајца
1 кромид
сол и бибер по желба
босилек по желба
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето. Во поголема тава пржете ги кромидот и меленото месо сè додека месото не добие златно-кафеава боја. Во тавата додадете го сосот од домати како и сол и бибер. Тргнете ја тавата од оган. Во поголем сад изматете две јајца, измешајте ги со растопениот путер и ренданиот пармезан. Во смесата додадете ги сварените шпагети и сè убаво измешајте. Во сад за печење ставете половина од сварените шпагети и распоредете ги по целата површина. Врз шпагетите ставете половина од урдата, сосот, меленото месо и моцарелата. Постапката повторете ја со другата половина од состојките. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете во рерна околу 40 минути. Отстранете ја алуминиумската фолија и печете сè заедно уште 20 минути за да се растопи кашкавалот. Послужете со свеж босилек.